ЕКСО Смарт Регистратор

Дали сакате да го пробате?


ЕКСО Смарт Регистратор (ЕСР) е софтверски систем кој е развиен за да ја вклучи модерната технологија во секојдневата регистрација на работните часови. Секоја компанија има потреба да води евиденција за работните часови на вработените и не само за целите за соодветна исплата, туку и со цел да се подобри процесот на планирање, да се намалат трошоците и да се подобрат интерните процеси. Како што технологијата станува неразделен дел од нашите животи и паматните телефони се користат не само за телекомуникација, туку и како алатки за плаќање, алатки за отклучување врати, итн., ние дојдовме на идеја да го евидентираме работното време со помош на мобилен телефон.

ЕСР Читач

ЕСР читачот е основен дел на ЕСР софтверскиот систем и неговиот НФЦ (NFC) читач на картички е хардвер кој се состои од Raspberry Pi3 со НФЦ модул PN532. Со цел ЕСР читачот да комуницира со мобилниот телефон на истиот се инсталира софтверска апликација напишана во програмскиот јазик C со користена libnfc библиотека. Изворниот код на апликацијата може да го најдете тука.
       

ЕСР Запишувач

 
Мобилната апликација ЕСР Запишувач е Host-based Card Emulation мобилна апликација и ја има главната улога во евиденцијата на работните часови. Кога мобилниот телефон ќе се доближи до Raspberry Pi 3 се воспоставува NFC комуникација и се креира запис за работното време. Доколку регистрацијата е успешна се емитува звучен сигнал и на екранот на мобилниот телефон се прикажува картичка. Изворниот код на апликацијата може да го најдете тука.
   

ЕСР Менаџер

 
ЕСР Менаџерот е третиот дел на ЕСР софтверскиот систем и има за цел да го олесни менаџирањето на уреди, корисници и да прикажува извештаи и графикони со статистички податоци кои се лесни и едноставни за употреба. Ова е веб апликација базирана на Java програмскиот јазик и користи Primefaces како библиотека за компоненти.
   
Изворниот код на апликацијата може да го најдете тука. Дали сакате да го пробате!
 

Сакате да стапиме во контакт!


Веќе сте подготвени да го започнете вашиот следен проект со нас? Тоа е прекрасно! Побарајте не на телефон или испратете ни е-маил, а ние ќе ве исконтактираме во најкраток временски рок.

Булевар Митрополит Теодосиј Гологанов 57 - 1/2